По ангажманот на неколки нови имиња за следната сезона, ГРК Охрид денеска потврди дека петмина ракометари го напуштаат тимот.
ГРК Охрид им се заблагодари на Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов и им посака среќа во понатамошната ракометна кариера.
Исто така во тренерските позиции на клубот во сите категории ќе следуваат одредени измени и ротации кои дополнително ќе бидат објавени.