Севиља се мајстори за освојување на Лигата на Европа. Андалузискиот клуб го освои седмиот трофеј во седмиот настап во финалето во ова натпреварување.
Sevilla have never lost a Europa League final:
🏆 2006 vs. Middlesbrough
🏆 2007 vs. Espanyol
🏆 2014 vs. Benfica
🏆 2015 vs. Dnipro
🏆 2016 vs. Liverpool
🏆 2020 vs. Inter
🏆 2023 vs. RomaNot even José Mourinho could end the streak.#UELfinal pic.twitter.com/5uBIY4Qlap
— Squawka (@Squawka) May 31, 2023
Вечерва ја совлада Рома во финалето во Будимпешта по подобро изведување на пеналите и се закити со трофејот. Во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1, а во пенал рулетот 4:1 за Севиља.
Your #UELfinal 𝐒𝐓𝐀𝐑𝐓𝐈𝐍𝐆 𝐗𝐈 ⚔️
⚪️ 7⃣ Changes 🔄
🔴 Bono between the sticks 🇲🇦
⚪️ Telles and Fernando starting 🇧🇷 pic.twitter.com/AEpMHXqExt— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) May 31, 2023
🟨📋🟥
Our starting XI for the final – Dybala starts. 👊#ASRoma #UELfinal pic.twitter.com/UUy0berNIx
— AS Roma English (@ASRomaEN) May 31, 2023
Мечот се одигра пред 67.000 гледачи. Пред почетокот навивачите имаа одлични кореографии кои вреди да се споменат. На теренот убав фудбал со шанси и голови. Во 12 минута шанса за Рома не користи Спинацола. Неговиот обид го одбрани голманот.
Во 32 минута ВАР разгледуваше соминителна ситуација во полето на Севиља кога Гудељ со нога ја запре топката точно пред главата на Абрахам, но судијата не досуди пенал.
Три минути подоцна „волчицата“ дојде во водство. Манчини го пронајде Дибала, а овој добро се снајде покрај својот чувар и ја погоди мрежата (ГОЛОТ НА МАНЧИНИ НА ОВОЈ ЛИНК). Следуваа уште две-три шанси по кои резултатот не се промени во првото полувреме.
Тренерот на Севиља, Мендилибар реагираше со тоа што ги уфрли во игра Сусо и Ламела и тргна поофанзивно. Тоа донесе изедначување. Во 55 минута по нафрлување на Хесус Навас, Манчини си постигна автогол (АВТОГОЛОТ НА МАНЧИНИ НА ОВОЈ ЛИНК).
Во 67 минута Рома можеше да ја врати предноста, но голманот Бoнo го одбрани шутот на Абрахам. Во 75 минута Ибањес го фаулира Окампос во казнениот простор, судијата Антони Тејлор покажа на белата точка. Потоа реагираше и ВАР, па судијата ја прегледуваше ситуацијата и ја промени одлуката.
Резултатот остана 1:1.
Во 82 минута римската екипа бараше пенал поради игра со рака на Фернандо. Тејлор не покажа на белата точка. Поради протест тренерот на Рома, Мурињо доби жолт картон.
Се прејде кон продолжение во кои немаше гол, па се шутираа пенали.
Во пенал рулетот кај Рома погрешија Манчини и Ибањез, додека фудбалерите на Севиља ги погодија сите удари од белата точка.
Should Roma have been given a late penalty for handball here…? 🤔#UELfinal pic.twitter.com/B29nx6q4QN
— Football on BT Sport (@btsportfootball) May 31, 2023