Шпанските тимови победиле во 22 едноподруго финалиња во кои учествувале!

173

Севиља ја продолжи својата доминација во Лига Европа но и доминацијата на шпанските тимови во натпреварувањата под капата на УЕФА. Севиља го освои седмиот трофеј во ЛЕ и со тоа е рекордер, а ако се погледнат финалињата ќе забележиме дека шпанските тимови победиле во 22 едноподруго финалиња во кои учествувале во ЛШ или ЛЕ.

Последниот шпански тим кој загубил финале е Валенсија која во 2001 година доживеа пораз од Баерн Минхен во финалето на ЛШ.

Од тогаш покрај Севиља со седум трофеја, доминираат Атлетико Мадрид со три трофеја во ЛЕ, Реал Мадрид освои шест во ЛШ, Барселона четири во ЛШ, Валенсија и Виљареал по еден…

 

ПретходноЏикиќ: Има една држава во Европа, а таму не ги „јадат“ своите деца
СледноГотово е: Бензема по 14 години го напушта Реал и оди во Саудиска Арабија