Поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ сега е тренер на Хапоел од Ерусалим со која стигна до финалето на ФИБА Лигата на шампионите. Пред новинарите го коментираше тоа што плејмејкерот на Партизан, Израелецот Јам Мадар ја доби титулата „Ѕвезда во подем“ во Европа.
Мадар дојде во Партизан за да напредува под водство на Жељко Обрадовиќ, а поранешниот тренер на „црно-белите“ имаше интересен коментар.
„Има една држава која е многу успешна во кошарка. Тоа е Шпанија – веројатно сте слушнале. Знаете што е карактеристично за Шпанија? Тие не ги „јадат“ своите деца. Тие им помагаат на своите деца. Поради тоа нивните деца не одат во Алба, Партизан… Не одат насекаде по светот“, изјави Џикиќ.
Тој алудираше на младите израелски кошаркари кои се ѕвезди надвор од Израел, Мадар во Партизан, а во Алба играат Тамис Блат и Јовел Зосман.