Дојде во Јужна Кореја да потпише за клуб, а заврши во затвор

898

Поранешниот репрезентативец на Јужна Кореја, Сук Хјун Јун мора да оди во затвор. Тој е осуден на осум месеци затворска казна затоа што избегнувал служење на воениот рок кој во Јужна Кореја е задолжителен и спортистите се ослободени само ако освојат медал за својата држава.

Бидејќи Јун нема медал во текот на фудбалската кариера според законот ќе мора да оди во затвор. Во 2019 година добил повик за војска кој го игнорирал. Тогаш играл за француски Ремс и сега е осуден на осум месеци затвор, а условно на две години.

Како олеснителна околност може да се земе тоа што Јун ја признал вината и се обврза дека ќе отслужи воен рок, па така после затворската казна го чека воена униформа. Екс-напаѓачот на Ајакс, Гронинген, Маритимо, Сетубал, Трабзон, Порто, Дебрецин и Ал Ахли бил уапсен кога се вратил во државта да потпише договор со четвртолигашот Јонџу Ситизен.

ПретходноЕден од фаворитите елиминиран од Ролан Гарос по пет и пол часовна борба
Следно„Комити“: Време е сите, не само навивачите и општините, да помогнат за ФК Вардар