Во пресрет на дуелите со Украина и Англија, квалификациски за ЕВРО 2024, Благоја Милевски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за јунскиот квалификациски циклус. По тој повод тој денеска и одржа и прес конференција.
Да кажеме дека стартот на подготовките ќе биде означен за утре за играчите кои доаѓаат од домашниот шампионат, а официјално тие стартуваат на 10 јуни.
“Нема да сметаме на Дарко Чурлинов и Бојан Миовски. Дарко сеуште е сместен во клинички центар во Белград и на двајцата им посакувам што побргу да оздрават. Што се однесува до списокот има еден дебитант, а тоа Сефер Емини. Останатите се тие што беа и во март. За жал останавме без двајца во нападот, ама не се жалиме. Сите кои се тука се најдобрите и сите се комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот ќе видиме“ истакнува Милевски.
Во продолжение Милевски го кажа и ова…
„Муслиу по повредата ги одигра послесните мечеви за својот клуб. Сега неблагодарно е да се бара во моментов некаква форма. Мора да погазам некои свои принципи да одам контра оној мој принцип да играат само оние кои имаат минутажа во своите клубови. Ако е така тогаш ќе мора да се откажеме од 70 насто од играчите. Искрено само против Портигалија одигравме во полн состав, онака како што јас сакав. Не се жалиме, само се адаптираме на ситуацијата“ посочува Милевски.
Во врска со тоа кој голман го повикал, Милевски имаше свој одговор:
“Јас мислам дека Алексовски е подобар голман од Ќосевски и тоа е тоа, затоа тој е повикан“.
За Украинците:
“Не знам кој ќе биде селектор на Украина, и тоа мене не ми менува ништо. Тоа се нивните играчи, сконцентрирани сме на индивидуалните карактеристики. Игравме со нив на ЕП и знаеме како треба со нив“.
Што може да се очекува од овие натпревари, дали ќе биде задоволен со два бода од овие два меча, Милевски одговори:
„Кога играте со ваков тип на противници мора да имате цел. Како да победите на тој натпревар. А што ќе се случува на тој меч, како ќе заврши, тоа не можете да го кажете. И ние, но и Украина ќе стори се да го добие овој натпревар. Да кажам на крај дека последни ќе ни се приклучат Илиев и Алиоски со оглед на тоа дека имаат мечеви на 10 јуни“ заврши Милевски.