Влатко Костов нов шеф на стручниот штаб на Пелистер?

1758

Влатко Костов е блиску до преселба на клупата на Пелистер. Според неофицијални извори преговорите завршиле успешно и прашање е на време кога ќе биде официјално промовиран како нов тренер на битолската гордот.

Костов во својата кариера ги водеше екипите на Осогово, Саса, Милано, Брегалница, Велазерими, Хоризонт Турново, Работнички, Ренова со кого ја освои шампионската титула и Купот на Македонија. Што се однесува до интернационалната кариера, тој го водеше Ал Раис во Саудиска Арабија.
Со Костов на клупата во Битола се верува дека тимот следната сезона би можел да се врати во македонската „елита“.
ПретходноСловенечкиот репрезентативец Нејц Цехте е ново засилување на шампионот!
СледноЈокиќ по историската партија: Дражен Петровиќ и Дивац ни ја отворија вратата во НБА!