ГРК Охрид не се шегува, потпиша македонска четворка!

1645

Екипата на Охрид продолжува со создавање на тимот за новата сезона. Денеска на својата официјална страница раководството на клубот промовира четири нови имиња.

Станува збор за голманот, Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски и дефанзивецот Милорад Кукоски.

Ѓорѓески доаѓа во тимот на Гладијаторите по одличните настапи на унгарскиот тим Будакалас.

„Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи“, изјави Ѓорѓески.

По освојувањето на шампионската титула Ојлески и Кукоски се разделија со Пелистер, па дел од своето искуство ќе се обидат максимално да го пренесат во ГРК Охрид, кој ја подигна летвичката за следната сезона. Од Битола, но од вториот тим доаѓа Никола Стоилевски.

„Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи“, изјави Ојлески.

Претходно за овој тим потпиша младиот голман, Берин Бркиќ и левиот бек Теимураз Орјоникидзе, додека им се заблагодари на Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.

ПретходноОткако не успеа да избори опстанок: Лидс го “откачи“ Сем Алардајс!
СледноЧави му е лут на Пеп: Прашајте го зошто не го пушти Кансело во Барса!