Багери влегоа на “Камп Ноу“! (ВИДЕО)

2976

И официјално стартуваше обновата на најголемиот стадион во Европа, на “Камп Ноу“ во Барселона. Синоќа протекоа фотки од тоа како багери влегуваат на теренот, кој некогаш беше совршен, и го уништуваат. Секако дека така мора да биде ако се знае дека Барселона ќе го реконструира својот стадион во наредните две години кој потоа ќе изгледа поспектакуларно и кој ќе прима 105.000 места.

Во овој период, каталонската гордост ќе игра на стадионот „Монжуик“ кој може да прими само 56.000 гледачи.

Инаку целата реконструкција на “Камп Ноу“ ќе чини приближно 2 милијарди евра.

ПретходноСрамни сцени во Италија: Фановите го прекинаа баражот, Бреша испадна во Серија Ц! (ВИДЕО)
СледноИма надеж за овој Балкан: Србинот на фештата на Севиља заплака по загубеното бебе, Хрватот со потег за паметење! (ВИДЕО)