Гача: Е Мрме, Мрме…. уште тоа ти фалеше…. (ВИДЕО)

20729

Во животот велат дека се се враќа се се плаќа, па и односот кон некого(добар или лош) на крајот може да има позитивен или негативен ефект. Како за кого. Ете на пример, голманот на Вардар, и некогашен младински и сениорски репрезентативец на Македонија Филип Гачевски, ги дочека „своите пет“ минути за да му „удри сеир“ на некогашниот наш селектор Игор Мрме Ангеловски кој во моментов е тренер на казахстанскиот тим Каспиј.

Преку социјалните мрежи Гачевски го исмева роденденскиот подарок за Мрме во Каспиј, кога од клубот му подаруваат традиционална казахстанска облека. Мрме со шубара и наметка, очигледно е врвот на модата во Казахстан но за Гачевски тоа е тема за исмевање.

„Мрме уште тоа ти фалеше“ напиша Гачевски веројатно мислејќи на серијата киксеви кои Ангеловски ги прави на професионален план со поразите и погрешниот избор на клубови па ова со наметкава и шубарава му доаѓа нешто како „капак на се“.

Гачевски – Мрме „конекцијата“ трае одамна. Спортмедиа ќе ве потсети на коренот на истата уште во времето кога Вардар „газеше“, а Гачевски беше во ТОП форма. Ангеловски како селектор го повика во А репрезентацијата, но очигледно дека никогаш немал симпатии спрема контроверзниот но квалитетен голман. Ја чекаше првата можност да го „избрише“ и веднаш ја искористи. Инцидентот во кој беа вклучени неколку репрезентативци Ангеловски го оквалификува исклучиво како вина на Гачевски, па веднаш го тргна од списокот засекогаш, а останатите ги „помилува“. Тоа Гачевски ама никогаш нема да му го прости, и ќе ја користи секоја ваква прилика да го исмева некогашниот селектор.

ПретходноМакедонија ја стартуваше „мисијата“ Украина и Англија
СледноЃоковиќ со многу мака го совлада Давидовиќ Фокина