И по којзнае кој пат се покажа дека кога спортистите се во прашање, овој наш напатен Балкан може да биде идеално, најунаво место за живеење во светот. Ако можат спортистите, пред се Србите и Хрватите, кога играат надвор од Балканот да се како браќа, тогаш се е можно.
Она што се случи вчера на фештата на Севиља по освоената титула во ЛЕ, е најголем доказ за тоа.
Имено пред фановите Србинот Немања Гудељ им се заблагодари на фановите на поддршката. Потоа кажа дека оваа година за него била многу тешка. Наведе дека со неговата девојка Анастасија, ќерка на славната пејачка Цеца, го загубиле нероденото бебе и дека неговиот брат, исто фудбалер, за малку ќе го загубел својот живот.
Во тие моменти сите замолкнаа, а потоа Хрватот Иван Ракитиќ ги повика фановите да му дадат поддршка на Гудељ, притоа дојде до него, го прегрна, направи нешто што ќе се памети и раскажува на Балканот.
Има надеж за овој Балкан…
🙏 Gudelj le dedica la Europa League a su hija recientemente fallecida.
💬 "Es uno de los años más difíciles de mi vida".
💬 "Perdí a mi hermano tres minutos y a mi bebé. Esto va por ella". pic.twitter.com/inpYgMvfNP
— Relevo (@relevo) June 1, 2023