И Шек воодушевен од Јокиќ: Те примам за член на „Алијансата на центрите“! (ВИДЕО)

1860

Кога ќе те пофали Шекил О`Нил, тогаш ти навистина си добар. Ете тоа се случи утринава по првиот меч од финалната серија во плеј – офот во НБА.

Никола Јокиќ и неговиот Денвер одиграа уште една блескава партија, Србинот повторно имаше трипл-дабл, и поведоа против Мајами со 1:0 во серијата.

Воодушевен од тоа што го прикажува Никола Јокиќ, легендарниот Шек и му кажа дека сега може слободно да биде примен во славната „Алијанса на центрите“, каде што се, секако Шекил, потоа Данкан, Робинсон, Баркли, Олајџувон…

Немам обичај многу да ги фалам центрите, но, тебе навистина те почитувам. Импресивно е да се гледа како играш“ ми порача Шекил на Јокиќ.

Притоа посака да ги запознае и браќата на Србинот кои во последно време станаа хит во спортската јавност во САД.

Претходно“Чистка“ во Баерн: Тухел стави на трансфер – листа три ѕвезди на “баварците“!
СледноПСЖ ја откажа прославата на титулата во чест на својот голман, кој се бори за живот!