Легендарниот Бербатов открива: Дарко Панчев беше мој идол!

1407

Димитар Бербатов, легендата на бугарскиот фудбал, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Тотенхем…во мега – интервју за “Спортал.рс“ покрај другото кажа и кој бил негов идол. Се разбира од напаѓачите.

И тоа е никој друг туку нашиот Дарко Панчев.

Замислете, ниту Стоичков, нути Костадинов и останатите легенди на бугарскиот фудбал,туку Македонецот Дарко.

Кога би можел да се вратам во минатото да кажам дека еден од моите омилени играчи, мојот идол беше Дарко Панчев. Го обожував како тоа тој постигнуваше голови. Во тие времиња Ц. Звезда навистина имаше супер тим, но сепак Дарко Панчев, можеби и поради името. Дарко Панчев – како убаво одекнува, беше посебен. Секоја чест“ посочи Бербатотв, кој според многумина има македонско потекло.

На почетокот на својата кариера малку недостигаше да заигра и за Вардар.

ПретходноДуро за новиот тренер на Шкендија: Му посакувам добредојде на Шехи во македонскиот шампионат, изјавувам дека ќе го победам!
Следно“Чистка“ во Баерн: Тухел стави на трансфер – листа три ѕвезди на “баварците“!