Македонската фудбалска репрезентација предмалку го стартуваше првиот тренинг и официјално ги започна подготовките за стартот на претстојниот квалификациски циклус за следниот Европски шампионат.
Нам ни претстојат мечевите против Украина на 16. јуни во 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, а потоа и оној против Англија на 19. јуни во 20:45 часот на стадионот Олд Трафорд во Манчестер.
Подготовките ќе бидат поделени во неколку фази, а оваа стартната вели вака. Тука се оние репрезентативци на кои им завршија клупските обврски и кои до „одработија“ и задолжителниот одмор по нив. Селекторот Милевски планира на 5. јуни да ги има сите фудбалери на број и тогаш да го има комплетниот тим на располагање.
Давид Бабунски доцни поради одложен лет
Што се однесува до оние кои и денеска требаше да бидат на првиот тренинг на селекцијата, недостасува само Давид Бабунски, кој поради проблеми со летот, ќе мора во репрезентативниот кампус да се појави подоцна од предвиденото.
Од друга страна пак, сите останати домашни но и оние од странство репрезентативци на чело со капитенот Стефан Ристовски попладнево му се ставија на располагање на селекторот Милевски.