Мисијата е исполнета: Миркуловски и Вецлар остануваат во Бундес-лигата!

240

Филип Миркуловски по убаво ќе го памети своето искуство како тренер во Вецлар. Тој оваа сезона, поточно од април заедно со спортскиот директор, Јасмин Чамџиќ застанаа на чело на тимот и успешно ја завршија мисијата.

Вецлар и следната сезона ќе настапува во Бундес-лигата, ова стана јасно по поразот на Минден од Магдебург на две кола до крајот на сезоната. Вецлар има доволна предност во однос на овој ривал за да опстане во најсилната германска лига.

Под договор со Вецлар до крајот на сезоната е македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, кој е надвор од терените поради повредата со која се здоби во дресот на Македонија.

ПретходноЈокиќ по историската партија: Дражен Петровиќ и Дивац ни ја отворија вратата во НБА!
СледноИ покрај контроверзите, УЕФА нема да го смени судијата за финалето на Лигата на шампионите!