Ферхан Буба Хасани од денеска е ново име во таборот на Хелсингор. Тоа е клуб од втората данска лига. Ова за Буба ќе биде враќање во таа земја, ако се знае дека во минатото, во дел од својата кариера тој беше член на Брондби.
Инаку Хасани неодамна се раздели со Шкендија, и како слободен играч потпиша за Хелсингор и тоа до јуни 2025 година.
По официјалната промоција од неговиот нов клуб велат дека ангажирале квалитетен и искусен играч од Македонија и му посакуваат успешни настапи.