Утринава по европско време, започна финалето од плеј – офот во НБА Лигата. Денвер го победи Мајами во првиот меч и успеа да поведе со 1:0. Јокиќ уште еднаш блескаше.
Но погледнете како трофејиот за првакот пристигна во Денвер, и тоа на неверојатен начин.
Пехарот насловен како Лери О`Браен, беше донесен од страна на падобранец, кој при слетувањето и го предаде на новинарката на ЕСПН Малики Ендрјус, која го стави во својот автомобил на совозачкото седиште и го донесе во арената во Денвер.
Дури потоа масивниот трофеј, кој тежи седум килограми беше поставен во специјален “ковчег“.
Се разбира дека Американците од ништо знаат да направат големо шоу.
It’s a bird. It’s a plane. It’s The Larry O’Brien Trophy skydiving to Heat/Nuggets for Game 1 tonight at 8:30pm/et on ABC! pic.twitter.com/SVF8sZNCLH
— NBA (@NBA) June 1, 2023