Потврдено: Мутињо, Траоре и Диего Коста заминуваат од Вулверхемптон

526

Спортскиот директор на англиски Вуверхемптон, Мет Хобс, потврди дека на тројца членови од првиот тим им истекуваат договорите и истите нема да бидат обновени. По завршувањето на сезоната Жоао Мутињо, Адама Траоре и Диего Коста заминуваат од тимот на „волците“.

Мутињо ја мина границата од 200 настапи за Вулвс под водство на Лопетеги оваа календарска година, во текот на петтата година од блескавата кариера во Англија, откако му се приклучи на клубот од Монако во текот на летото 2018 година.

Во меѓувреме, Адама Траоре го забележа својот 194-ти настап и стигна до крајот на петгодишниот договор што го потпиша кога дојде од Мидлсброу во истото лето како и Мутињо.

34-годишниот Диего Коста одигра 25 меча по враќањето во Англија, но нема да остане во клубот и следната сезона.

Претходно„Дијамантска лига“: Падна светскиот рекорд на 1500 метри!
СледноГеце на 30 години потпиша нов договор со Ајнтрахт до 2026 година