Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за претстојните квалификациски дуели од ЕП кампањата проти Украина дома односно Англија на гостински терен и уште од самиот почеток има проблеми што се однесува до играчкиот кадар.
Ваљон Етеми како што објавија од ФФМ го октажал повикот поради повреда.
Од таборот на репрезентацијата засега не објавуваат дали ќе биде дополнително повикан некој фудбалер на негово место или пак ќе се спротивставиме на Украина и Англија со еден играч помалку.