ПСЖ потврди: Серхио Рамос си заминува од Париз!

394

ПСЖ вечерва го потврди и заминувањето на дефанзивецот Серхио Рамос.

37-годишниот Шпанец ќе си замине од тимот како слободен играч, а Парижаните нема да го обноват договорот со играчот кој имаше договор до овој јуни.

Рамос е во ПСЖ од јули 2021 година, и на 57 настапи за тимот постигна и 5 гола. Заедно со ПСЖ, Шпанецот двапати стана шампион на Франција и еднаш го освои Суперкупот на земјата.

ПретходноНадал подложен на нова операција на левата нога
СледноУ17: Германија по 14 години повторно е европски шампион! (ВИДЕО)