ПСЖ ја откажа прославата на титулата во чест на својот голман, кој се бори за живот!

483

ПСЖ и оваа сезона ја освои титулата во Лига 1, но за разлика од минатите години, овојпат нема да има организирана прослава. И тоа во чест на својот голман Серхио Рико кој по падот од коњ, сеуште се бори за својот живот.

Нема да има славење. Зад нас е тешка седмица, сите сме потресени по она што му се случи на нашиот голман. Сета можна позитивна енергија ја праќаме до него, до неговата сопруга, неговата мајка и сите што го сакаат“ изјави Криштоф Галтие, тренерот на ПСЖ.

Тимот од Париз утре во рамките на последното коло се среќава со Клермонт на “Паркот на принцовите“.

ПретходноИ Шек воодушевен од Јокиќ: Те примам за член на „Алијансата на центрите“! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Буба Хасани е нов член на Хелсингор!