Рељиќ утре стартува од 2. коло на СП во Баку, Георгиевски почнува в недела

141

Македонските теквондисти Дејан Геогриевски и Мила Рељиќ од утре стартуваат со настапи на Светското првенство во Баку, кое ќе биде еден вид на квалификации и за олимпискиот турнир во Париз 2024 година.

Носителот на олимписко сребро од Токио, Георгиевски, своите настапи ги започнува в недела, а утре ќе го дознае и својот прв противник. Тој се натпреварува во категоријата над 87 килограми, додека нашата женска претставничка Рељиќ веќе утре ќе ги започне настапите во категоријата под 62 килограми.

Мила Рељиќ во 1. коло е слободна, додека во втората рунда за противник ќе го добие победникот од дуелот меѓу Австралијката Амбер Хеслоп и Русинката Лилја Хужина. Фаворит на овој дуел е Русинката, па таа веројатно ќе биде и прв противник на Рељиќ.

ПретходноВерстапен најбрз на двете петочни тренинг сесии на „Каталуња“
СледноOдбојкарите со последни подготовки пред утрешната пресметка со Хрватска (ФОТО)