Дисциплинската комисија нa Македонската Ракометна Федерација им изрече суспензии на Дејан Манасков и тренерот, Владо Недановски. Манасков доби забрана за два меча, додека пак казната на Недановски е четири. Според членот 112 и 114 од Дисциплинскиот правилник по кои се казнети и двајцата се однесувале надвор од пишаните правила – навреда на службени лица или играчи за време и по крајот на натпреварот.