Срамни сцени во Италија: Фановите го прекинаа баражот, Бреша испадна во Серија Ц! (ВИДЕО)

1172

Срамни, скандалозни сцени на бараж мечот за опстанок во Серија Б. Имено дуелот меѓу Бреша и Козенца, на резултат 1:1 беше прекинат и тоа од страна на домашниот состав во финишот. Хулиганите влегоа на терен, па потоа се степаа и со обезбедувањето и полицијата.

Ова беше реванш, на првиот меч Козенца победи со 1:0, синоќа Бреша имаше водство од 1:0 и така беше се до 95.минута кога Мерони израмни на 1:1. Ова не им се допадна на фановите на Бреша и тие го започнаа своето „шоу“. Откако се виде дека нема шанси мечот да продолжи, судијата Давиде Маса истиот го прекина.

Инаку Бреша по цели 38 години ќе игра во Серија Ц.

 

ПретходноОвој човек е неверојатен: Супер Јокиќ и Денвер тргнаа со победа во финалната серија во НБА! (ВИДЕО)
СледноБагери влегоа на “Камп Ноу“! (ВИДЕО)