Таму горе и Диего слави: Аргентина, Бока Јуниорс, Барса, Наполи, Севиља со трофеи…

160

Знаете ли што ги поврзува селекцијата на Аргентина, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи и Севиља? Е, па, Диего Армандо Марадо, кој пред две години прерано го напушто овој свет.

Веројатно најдобриот фудбалер во историјата во делови од својата кариера играл за овие клубови и за својата селекција. А Диего во последните неколку месеци таму горе и тоа како има причина за славење.

Аргентина стана светски првак, Бока, Барса и Наполи ги освоија националните шампионати, а Севиља стави печат со пехарот во Лигата на Европа.

Слави и радувај се Диего…

ПретходноХаланд: Тука ме донесоа за да освојуваме трофеи, нема зошто да криеме!
СледноРФМ ги казни Манасков и Недановски!