Иако се очекуваше и тој да си поднесе оставка, сепак како што се чини, Томас Тухел и натаму ќе седи на клупата на Баерн Минхен. Затоа пак тој, според медиумите во Германија, имал намера да направи голема “чистка“.
Први на удар се големи три ѕвезди на Баерн Минхен, и тоа Серж Гнабри, Садио Мане и Лирој Сане. Овие тројца се ставени на трансфер – листа и секој клуб може да ги откупи, секако со адекватна отштета.
Се наведува и тоа дека Тухел нема намера да запре само на овие тројца, имено тој сака драматично да го реновира тимот.