Денеска тимот на Шкендија ги стартуваше летните подготовки, секако пред се затоа што овој тим го очекуваат европски предизвици наскоро.
Во насока на што поодобар перформанс на тоа поле, управата на тимот деновиве напорно работи на ангажирање на нови фудбалери кои ќе ги пополнат испразнетите места.
Па така, како што дознава Спортмедиа, Шкендија планира да го врати во своите редови Мевљан Адили, дефанзивецот кој веќе во еден наврат го носеше „црвено – црниот“ дрес.
Тој последно настапуваше за тимот на Билис во Албанија, а има искуство и со играње во Русија, Литванија, Романија….