Ѓоковиќ со многу мака го совлада Давидовиќ Фокина

317

Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/8 финалето од Гренд Слем турнирот Ролан Гарос откако предмалку со 3:0 по сетови го совлада шпанецот Алекандро Давидовиќ Фокина.

Иако навидум резултатот вели дека Новак имал лесна задача попладнево тоа воопшто не беше така. Првите два сета ги доби во тај брејк,  па дури во третиот издоминира со 6:2.

Па така, преполниот аудиториум на централниот терен во Париз имаше можност да види прекрасен тенис и уште еднаш да се увери во мајсториите на најдобриот тенисер на сите времиња.

Ѓоковиќ во следната фаза ќе се сретне со победникот од мечот Варилас – Хуркаш.

 

ПретходноГача: Е Мрме, Мрме…. уште тоа ти фалеше…. (ВИДЕО)
СледноСтефче Алушовски е нов тренер на ГРК Охрид