Oдбојкарите со последни подготовки пред утрешната пресметка со Хрватска (ФОТО)

184

По победата над Белгија, нашата машка одбојкарска репрезентација продолжи со тренинзи во Скопје очекувајќи го утрешниот меч од 3. коло против силната Хрватска. Под водство на селекторот Јошко Миленкоски кој ја оствари првата повратничка победа на клупата на нашиот одбојкарски национален тим, момците тргнуваат во битка за втор триумф.

Денеска се одработени тренинзите со полна пареа, а се подготвува и стратегијата за утрешниот дуел. Средбата со Хрватите утре од 20.15 часот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот ќе биде слободен. Во предигра на овој дуел од 17.30 часот нашата женска репрезентација ја пречекува Естонија во 3. коло од Европската Сребрена лига.

фото: vfmkd.org.mk

 

 

ПретходноРељиќ утре стартува од 2. коло на СП во Баку, Георгиевски почнува в недела
СледноНадал подложен на нова операција на левата нога