Кампацо се договорил со Реал за трансфер вреден 9 милиони евра

418

Факундo Кампацо, по се изгледа, заминува од Црвена Звезда. Медиумите кои се занимаваат исклучуво со европската кошарка, веќе пренесуваат дека Аргентинецот ќе остане на Стариот континент, но ќе се врати во Шпанија.

Според информациите, Аргентинецот ги договорил сите услови за негова преселба во Реал Мадрид. Изворот наведува дека Кампацо ќе потпише тригодишен договор со „кралскиот клуб“ вреден дури 9.000.000 евра.

Во пракса би инкасирал 1.500,00 евра нето по сезона, а во целиот договор ќе биде вклучено и обештетувањето кое Аргентинецот ќе го плати на име заминување во НБА лигата во 2020 година кога од Мадрид пристигна во Денвер.

ПретходноУЕФА ќе го гони Мурињо за изречени навреди кон судијата Ентони Тејлор
СледноВерстапен најбрз на двете петочни тренинг сесии на „Каталуња“