Митровиќ прави сензационален транфер!

23970

Александар Митровиќ, српскиот напаѓач на Фулам е пред трансферот на кариерата. Имено како што пишуваат медиумите на Островот, менаџерите на Митровиќ се во преговори со челниците на Челзи. Маурицио Покетинно, нови стратег на „сините“ од Лондон дал “зелено светло“ за овој трансфер и ако се биде како што треба, ако се разрешат некои детали, би требало да има и договор.

Србинот ќе се пресели од едниот на другиот крај на Лондон, и тоа нема да биде проблем. Исто така нема да биде проблем ни соодветната отштета која сегашниот клуб на Митровиќ би ја барал ако се знаат финансиските можности на Челзи.

Инаку Александар Митровиќ со Фулам има договор до 2026 година.

ПретходноИ покрај контроверзите, УЕФА нема да го смени судијата за финалето на Лигата на шампионите!
СледноПогледнете како трофејот за НБА првакот пристигна во Денвер! (ВИДЕО)