Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте е ново засилување на шампионот!

385

Пелистер почна со градење на тимот, кој следната сезона покрај одбрана на домашната титула ќе игра и во Лигата на шампиони. Нов член на битолчани е словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте.

30-годишниот десен бек доаѓа во редовите на македонскиот шампион од четвртфиналистот на Лигата на шампионите на ЕХФ и актуелен првак на Данска, ГОГ Гудме. Цехте се обрвза на едногодишен договор, со опција за уште една сезона.

Цехте е стандарден словенечки репрезентативец, има 52 настапи за својата селекција, вклучувајќи и Европско и Светско првенство. 195-сантиметри високиот Нејц Цехте потекнува од ракометно семејство, бидејќи и неговиот брат Клемен Цехте беше професионален ракометар и словенечки репрезентативец.

Тој е афирмира во Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија и играше во Лигата на шампионите. Во 2018 година следеше трансфер во Хановер, каде Нејц играше четири години и ја делеше соблекувалната со Урбан Лесјак, со кого пак ќе играат во ист клуб.

Во сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме дојде до историски успех во Лигата на шампионите, каде се најде меѓу осумте најдобри екипи, а се бори и за одбрана на титулата шампион на Данска.

ПретходноЧави му е лут на Пеп: Прашајте го зошто не го пушти Кансело во Барса!
СледноВлатко Костов нов шеф на стручниот штаб на Пелистер?