Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе биде гонет, и веројатно казнет од дисциолинските органи на УЕФА поради упатување на навредливи зборови кон судијата Ентони Тејлор, кој пак ја делеше прадата на финалето од Лигата на Европа кое што Римјаните го играа и го загубија против Севиља.
Мечот траеше цели 120 минути, и беше решен по изведувањето на пеналите, а Мурињо имал во неколку наврати многу што да му каже на Тејлор. Тоа очигледно е пријавено од судијата, и ќе следуваат санкции.