Голден Арт им се заблагодари на четворица ракометари!

336

Екипата на Голден Арт и следната сезона ќе биде дел од Супер-лигата. Плеј-аут лигата во која се најде ја заврши како првопласиран. Не мина долго време по завршување на возбудувањата, клубот веќе започна со градење на составот, па им се заблагодари на четворица ракометари.

„Секој еден од нив допринесе за развој на клубот, давајќи го максимумот и кога беше добро но и кога беше помалку добро.
Стружанецот Симон Гучески е дел од клубот од самото основање, и по четирите години, колку што остана, е на врвот на листата на стрелците од оформување на РК ГолденАрт.
Ивица Илиев, еден од најдобрите голгетери во суперлигата последните години, кога беше најтешко, заедно со Златко Даскалоски, му ја даде својата доверба и беше додадена вредност на клубот, оставајќи длабока трага во клубот. Пеце Рајатоски, битолчанецот од репрезентативен калибар, во јуни 2021 година пристапи на нашиот клуб, давајќи сигурност на десната бековска позиција, пред да замине во Германија и повторно на стартот на оваа сезона да се врати во клубот.
Андрија Мандиќ, високиот лев бек и дефанзивец, пред две години, како млад и надежен ракометар дојде во Голден Арт. Остана две години во кои, и покрај тешката повреда на рамото се врати на терен, имаше свој придонес во успесите и развој на клубот.
Председателот Сашко Даев, од името на клубот им се заблагодари, со порака дека се дел од нашата фамилија и дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму“, се вели во соопштението на клубот. 

ПретходноБрозовиќ го стави Интер на второ место
СледноЛапорта повторно на состанок со Чеферин: Барса ќе ја моли УЕФА да не биде исфрлена од ЛШ!