Интер се подготвува за финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, а претседателот Стивен Жанг наводно издвоил премија од 10 милиони евра за тимот доколку го освојат трофејот.
„Нероаѕурите“ немаат играно во финалето на Лигата на шампионите од 2010 година, кога Жозе Мурињо го однесе тимот до тројната круна. Сега Манчестер Сити е тој што се обидува да го направи хет-трик на трофеи.
Според „Газета дело Спорт“, претседателот на Интер, Жанг, сака да ги мотивира своите играчи да влезат во оваа пресметка уште посилно, со тоа што ќе одвои вкупно 10 милиони евра како премија која ќе биде поделена во тимот доколку ја освојат Лигата на шампионите.
Играчите на Интер веќе имаат бонуси запишани во поголемиот дел од нивните договори за европска титула.