Дресот на Крсте Велкоски на аукција за помош на погодените од земјотресите во Турција и Сирија

365

ФК Работнички се вклучи во акцијата на Европската асоцијација на клубови (ЕКА) за собирање на финансиски средства за помош на погодените подрачја во катастрофалните земјотреси во Турција и во Сирија. Клубовите членки на ЕКА на ауција ќе дадат дресови од повеќе од 200 фудбалери, а собраните средства ќе бидат донирани.

ЕКА за овој проект има соработка со MatchWornShirt (MWS) и ауцијата ќе биде спроведена онлајн на следниот сајт  www.matchwornshirt.com/eca, од 3 јуни (14.00 CET) до 17 јуни (14.00 CET).

ФК Работнички за оваа акција на ЕКА го донираше дресот на капитенот Крсте Велкоски и за него ќе може да се наддава на следниот линк

ПретходноПромоција: Шкупи се пофали со Словакот Пинтер! (ФОТО)
СледноКаква размена: Влаховиќ во Челзи, а Лукаку во Јувентус?!