Голема штета – Елена Рибакина нема да го игра на Ролан Гарос. Помина две кола и пред дуелот од третото коло мираше да се повлече.
Русинката која настапува за Казахстан едноставно не можеше да излезе на теренот. Победничката на претходниот Вимблдон и четвртата тенисерка во светот мораше да се повлече непосредно пред мечот поради здравствени проблеми.
„Имав треска, главоболка, не спиев добро. Симптомите почнаа по вториот натпревар. Вчера не се чувствував добро, имав температура. Ќе се обидам да се опоравам за сезоната на трева. На телото ми треба време за одмор“, изјави Рибакина.