Кокинакис збесна на судијката на Ролан Гарос: “Сакаш ли да мо*ам по теренот?!“

473

Австралискиот тенисер Танаси Кокинакис вчера загуби во 3.коло на Ролан Гарос од Карен Хачанов со 3:1 во сетови. Сепак белег на овој дуел беше она што се случи по крајот на вториот сет кока Кокинакис побара од судијката Радван-Чо, да оди во тоалет.

Тоа не му беше дозволено, пошто тој веќе искористал една пауза, а две пауза не може да побараат во првите два сета.

Потоа тој збесна и со следните зборови и се обрати на судијката:

Не сум знаел за тоа правило. Имам само 50 секунди? Можеш да бидеш реална и тоа да ми го кажеш како на човек уште еднаш? Е*ено срање. Сакаш ли да мо*ам по теренот, дали тоа сакаш?“викаше Австралијанецот.

ПретходноНавивачи прекинаа два меча во Франција: На „зелена маса“ се решава промоцијата во Лига 1 и испаѓањето од лигата
СледноИндепендент: Ѓоковиќ веќе ја започна кампањата, тој е идниот претседател на Србија!