Тимот на Лацио обезбеди вечерва победа на гостувањето кај Емполи и на тој начин стигна до второто место на конечната табела во Серија А сезонава.
Резултатот од 0:2, во кој стрелци беа Ромањоли и Луис Алберто му ги донесоа на Лацио пресудните три бода сезонава со кои го прескокна Интер на табелата и заврши како втор.
Битката помеѓу овие два тима траеше до последен момент, затоа што Интер претходно попладнево триуммфираше кај Торино со 0:1.
Од друга страна пак Кремонезе ја совлада Салернитана со 2:0.