Мила Рељиќ го заврши настапот на Светското првенство во Баку!

142

Светската шампионка, русинката Лилија Кужина беше пресилна за македонската репрезентативка, Мила Рељиќ. Таа беше совладана во второто коло на Светското првенство кое се одржува во Баку, Азербејџан. Мила успеа да и нанесе два удари со нога во глава на Русинката, но тоа не беше доволно за изненадување.

Сепак извонредната Кужина која мораше да настапи под Индивидуален Неутрелен Тим ги заслужи сите почести и засллужено и доминантно освои златен медал.

Следен натпревар на Мила е Европските Олимписки Игри во Краков, Полска кон крајот на месецот.

ПретходноЏемал Ибиши се враќа во мак фудбалот и потпишува за МЃП
СледноБрозовиќ го стави Интер на второ место