Миленкоски: Овие мечеви и победи покажуваат дали имаме карактер како тим

364

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ја совлада Хрватска со 3:2, во рамките од Златната лига и ја оствари втората победа во оваа конкуренција.

Селекторот Јошко Миленкоски очигледно задоволен од она што го гледа на теренот, со доза на критика кон своите избраници дека не смее да се случуваат кризи во играта како вечерва кога имавме комотно водство од 2:0, а дозволивме противникот да се врати во игра, за да дури во петтиот сет обезбедиме триумф.

„Не очекувавме затоа што го имавме третиот сет. Имавме комотно водство, игравме добро, на крајот со некоја негативна серија, не знам како ќе мора да ја погледнеме статистиката за точно да видиме што се случи но со вакви рамноправни противници се е можно. Очекувани се секакви пресврти. Во четвртиот сет имавме и меч топки кои не ги искористивме, за да во петтиот ја стабилизираме играта, и да одиме поен по поен. Го задржавме фокусот, ја задржавме смиреноста, и на крајот успеавме да го добиеме натпреварот, кој за мене претставува еден вид проба затоа што ваквите мечеви на Европското првенство треба да ги добиваме. Со ваквите противници мора да сме од прв момент фокусирани, и истите мора да се добиваат без вакви драматични моменти. Се е ова собирање на искуство, ние пред оваа Златна лига немавме пријателски мечеви, решивме преку овие мечеви да се воигруваме, без некој резултатски притисок. Добро ни дојдоа овие победи за да дознаеме дали имаме карактер да издрживме во вакви неизвесни мечеви и мечеви со голема борба“ – изјави селекторот Миленкоски.

 

ПретходноХрватска „падна“ во Борис Трајковски (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛацио е вицешампион во Серија А (ВИДЕО)