Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски продолжија да доминираат во португалскиот шампионат. Тие денеска дојдоа до петтиот пехар во низа, вкупно 24 во клупската историја, откако славеа на гостувањето кај Мадеира со 33-25.
За македонскиот репрезентативец ова е трета титула во дресот на Порто.
Со новиот пехар, Порто и следната сезона ќе има директно место во Лигата на шампионите.
Митревски и Порто ќе имаат шанса да дојдат до уште еден пехар, во Купот на Португалија, кој е закажан за 10 и 11 јуни.