Пирло ќе ја носи Пиза во Серија А

368

Само неколку дена откако доби отказ во турски Карагумрук, Андреа Пирло (44) веќе нашол нова работа.

Според италијанските медиуми, Пирло е фаворит за преземање на второлигашот Пиза. Станува збор за амбициозен клуб кој сака да избори пласман во елитата со помош на Пирло. Откако Пиза ја заврши сезоната на 11-та позиција во Серија Б, ги отпушти тренерот Лука Ди Анџело и спортскиот директор Клаудио Киелини. Новата управа ќе го донесе Александар Коларов, кој, пак,  минатата година стави крај на својата одлична играчка кариера и сега ќе работи во позиција на спортски директор на Пиза.

Токму на негова иницијатива Пирло би требало да го преземе клубот и да се обиде уште во првата сезона да обезбеди промоција во Серија А.

ПретходноФА КУП ФИНАЛЕ: Градските гиганти на „Вембли“ испишуваат историја
СледноРаперот Дрејк уплатил 1 милион долари на победа на Денвер во НБА финалето