Понуда која не се одбива: Има точно „100 милиони причини“ зошто Рамос си оди од ПСЖ

9077

Серхио Рамос (37) синоќа потврди дека го напушта Пари Сен Жермен по две години минати во клубот. Тој на социјалните мрежи напиша дека „сабота ќе биде посебен ден“, со што најави заминување од „Паркот на Принцовите“.

„Сабота ќе биде посебен ден за мене – ќе се збогувам со уште една фаза од мојот живот, со Пари Сен Жермен. Ме очекуваат нови предизвици, ќе носам нов дрес“, напиша Рамос најавувајќи го својот трансфер во нов клуб.

Во меѓувреме, весникот „АС“ објави дека Рамос кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, но не во Ал Наср, клубот на неговиот порашене соиграч од Реал, Кристијано Роналдо, туку во Ал Хилал.

Споменатиот весник открива дека првата понуда до Рамос била двегодишен договор вреден 60 милиони евра, но сега Ал Хилал е подготвен да ја зголеми понудата и да му плати 100 милиони евра на Шпанецот за две сезони.

ПретходноМонти Вилијамс е нов тренер на Детроит Пистонс
СледноДвојна битка: Одбојкарите против Хрватска по втора победа, дамите против силната Естонија