Раперот Дрејк уплатил 1 милион долари на победа на Денвер во НБА финалето

1867

Раперот Дрејк сигурен во победата на „Денвер“ во финалето на НБА плеј-офот се обложил на милион долари на победа на Нагетс во финалната серија со Мајами.

По првиот меч Денвер води во серијата со резултат 1-0, а музичарот исто така се обложил со дополнителни 250.000 долари дека Нагетс ќе ги победат Хит со 4-1 во серијата. Во случај да ги погоди и двата облози, Дрејк ќе инкасира 2 милиони и 80 илјади долари.

Интересно е што во повеќето случаи, тимовите или спортистите на кои Дрејк се обложил изгубиле.

ПретходноПирло ќе ја носи Пиза во Серија А
СледноНавивачи прекинаа два меча во Франција: На „зелена маса“ се решава промоцијата во Лига 1 и испаѓањето од лигата