Големото, спектакуларното ФА Куп финале на “Вембли“ пред 90.000 гледачи меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед е 1:1 по првиот дел.
Гундоган во 13 секунда со фантастичен шут донесе водство на “сините“, за да во 33.минута Бруно Фернандез израмни од пенал, откако Грилиш играше со рака во својот казнет простор.
И двете екипи имаа шанси во првото полувреме за уште по некој гол, но сепак на пауза се замина со тие 1:1.
Јасно е дека не чека спектакл и во второто полувреме на ова 142 финале во ФА Купот.
Pressure makes 💎#EmiratesFACup pic.twitter.com/zQU5CqjOnb
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) June 3, 2023