Џемал Ибиши се враќа во мак фудбалот и потпишува за МЃП

1813

Некогашниот македонски младински репрезентативец Џемал Ибиши ќе го засили летово тимот на Македонија ЃП. По интернационалната кариера во Хрватска, односно во екипите на Локомотива, Дубрава и Ориент, Ибиши се враќа во мак фудбалот на 22. годишна возраст.

Своевремено еден од најголемите напаѓачки таленти на мак фудбалот е дете на Вардар, каде што ја мина младинската кариера, а потоа заигра и за првиот тим. За македонската младинска репрезентација пак одигра десетина мечеви.

Македонија ЃП пак летово ја очекуваат евро настапи па во оваа насока е и засилувањето во напачките редови со Ибиши.

 

ПретходноФТЦ ја доби драмата со Есбјерг за финале!
СледноМила Рељиќ го заврши настапот на Светското првенство во Баку!