Време е за збогување, и ако утре Златан Ибрахимовиќ не пушти некоја солза, тогаш нема никогаш. Сценографијата која за утре му ја спремаат луѓето од Милан, навистина ќе биде срцепарателна. А тоа се гледа и од фотографијата од денеска на стадионот „Сан Сиро“ каде утре Милан во последниот меч од оваа сезона ќе ја дочека Верона.
Она што се најавува е тоа дека Златан својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Монца. Иако Швеѓанецот со балкански корени има 41 година, сеуште му се игра фудбал.