Македонската женска одбојкарска репрезентација го запиша третиот пораз во Европската Сребрена лига. Во Скопје „црвено-жолтите“ беа совладани од фаворитот во групата, селекцијата на Естонија со 3-0.
Иако избраничките на Стефан Пауновиќ не успеаја да дојдат до првата радост, ниту пак да освојат еден сет, сепак на крајот добија аплауз од публиката во СЦ „Борис Трајковски“. Сепак на сите нив им е потребна поддршка, бидејќи после долго време се враќаат на една ваква сцена. Па токму овој потег од фановите ќе им даде дополнителен ветер во грб за следните мечеви, а прв е гостување токму на теренот на денешните ривалки, Естонија.
ФОТО: CEV/Robert Spasovski