„Квича сака да игра за Реал и да ја освои Лигата на шампионите“

1207

Квича Кварацхелија сака да ја освои Лигата на шампионите, да игра за Реал Мадрид и да игра големи репрезентативни турнири со Грузија, изјави неговиот татко Бадри Кварацхелија.

Грузиецот оваа сезона со Наполи стана шампион на Италија, а со своите 22 години е еден од најпосакуваните фудбалери во Европа. Неговиот татко Бадри Кварацхелија во изјава за медиумитевели гедка „грузискиот Меси“ има свои цели кои се надева дека ќе ги оствари во својата кариера.

„Соништата и целите на Квича се да ја освои Лигата на шампионите, да игра за Реал Мадрид и да игра на најдобрите меѓународни турнири со репрезентацијата на Грузија. Се надевам дека сонот ќе му се оствари, како што му се оствари желбата да биде шампион со Наполи“, изјави таткото на Грузиецот.

Квича има актуелен договор со Наполи до летото 2027 година и по се изгледа останува во Неапол и следната сезона.

ПретходноРеал на Азар му плаќа по 70.000 евра за секоја одиграна минута!?
Следно„Златното стапало на Марадона“ за Елмас и соиграчите (ВИДЕО)